Нема да одбиеме средба на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров со неговиот украински колега Дмитро Кулеба, но разговорите помеѓу нив би требало да бидат „суштински“, соопшти Кремљ.

Соопштението уследи откако шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека Турција работи на организирање на нова средба на министрите за надворешни работи на Русија и на Украина.

Во рок од една или две недели може да има средба на повисоко ниво, барем на ниво на министри за надворешни работи, наведе Чавушоглу.

Претходно, шефот на украинската делегација Дејвид Арахамија на Телеграм објави дека онлајн разговорите помеѓу украинската и руската делегација ќе продолжат утре



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.