Кремљ го повика британскиот амбасадор поради руските наводи дека Велика Британија била вмешана во украински напад со дронови врз руската Црноморска флота.
Британија категорично ги отфрли руските наводи како „лажни тврдења од епски размери“.
Разговорот во руското Министерство за надворешни работи со британската амбасадорка Дебора Бронерт траел околу половина час, јавија руските медиуми, пренесува ДПА.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, претходно соопшти дека Русија планира да приложи наводни докази дека британски специјалисти биле вклучени во подготовката на нападот со беспилотно летало.
Москва, исто така, ја обвини Британија дека стои зад саботажата на гасоводите Северен тек 1 и 2 во Балтичкото Море на крајот на септември. Британија и овие наводи ги отфрли како неосновани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.