Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека Русија категорично ги отфрла сите обвинувања за убиства на цивили во украинскиот град Буча.
Песков ги повика светските лидери да не брзаат со неосновани обвинувања.
Ситуацијата е навистина сериозна и бараме светските лидери да не брзаат со изјави или неосновани обвинувања, туку да побараат информации од различни извори, барем да ги слушаат нашите аргументи – изјави Песков.
Тој истакна дека фактите и хронологијата на случувањата во Буча не се совпаѓаат со украинската верзија на настаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.