Кремљ денеска ги демантираше информациите објавени синоќа од „Вашингтон пост“, според кои рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп разговарале за Украина минатата недела.
Тоа е јасен пример за квалитетот на информациите што се објавуваат деновиве, дури и во прилично угледни медиуми. Тоа е целосно невистинито. Чиста фикција. Тоа се само лажни информации, рече портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.
На повеќекратно прашање од печатот дали тоа значи дека немало телефонски разговор меѓу Путин и Трамп минатата недела, Песков рече: „Токму тоа го кажав. Немаше разговор“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.