Откако Кина го објави својот „мировен план“ од 12 точки во кој се повикува на примирје, Русија го повтори својот став за тоа како може да се стави крај на војната. Кремљ повтори дека останува отворен за преговори за ставање крај на конфликтот.
Тоа е тврдење што рускиот претседател Владимир Путин го кажа во минатото – уште во април минатата година, рускиот претседател рече дека се надева оти преговорите може да доведат до прекин на огнот во Украина.
„Русија нема да се откаже од своите барања за четири украински региони – Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон“, изјави Песков.
Кремљ вчера оцени дека планот што минатата недела го предложи Кина за решавање на конфликтот во Украина „заслужува внимание“, но и дека „засега“ не постојат условите неопходни за „мирно“ решение.
„Секој обид што придонесува за насочување на овој конфликт кон мирен пат заслужува внимание. Ние го разгледуваме планот на нашите кинески пријатели со големо внимание“, рече портпаролот на Кремљ. „Тоа е долг процес“, рече тој.
„Засега не ги гледаме премисите дека оваа ситуација може да тргне по мирен пат“, додаде тој. „Специјалната воена операција (во Украина) продолжува“, нагласи тој.
Во петокот, токму на првата годишнина од војната, Пекинг објави документ од 12 точки, со кој ги повикува Москва и Киев на мировни преговори. Засега Москва и Киев не изразија сериозна волја за преговори и внимателно реагираа на кинескиот предлог.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.