Принцот Хари ќе ја носи својата воена униформа за време на бдеењето покрај ковчегот на кралицата Елизабета, која ќе биде опкружена со сите нејзини внуци.

Кралот Чарлс му дал специјална дозвола на својот син Хари и му дозволил да се појави во униформа за време на 15-минутното бдеење во Вестминстерската сала.

Според извор близок до кралското семејство, тој рекол дека одлуката ќе важи само во овој случај.

„Кралот ги покани внуците на кралицата Елизабета и му дозволи на Хари да ја носи својата воена униформа. Кралот Чарлс го направи истиот потег во случајот со својот брат, принцот Ендру, кој ги загуби воените титули откако за неговата вмешаност во скандалот со Џефри Епштајн стана јавно познато,“ изјави тој.

Овој гест е уште еден знак дека кралот Чарлс сака примирје со синот Хари и неговата сопруга Меган, кои се откажаа од кралските должности пред две години и се преселија во САД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.