Се крена голема прашина откако Пирс Морган ги прозва кралот Чарлс и Кејт Мидлтон поради коментарите за бојата на кожата на синот на принцот Хари и Меган Маркл, а потоа се огласи и британскиот крал.
Експертите од британското кралско семејство тврдеа дека кралот мора да биде бесен поради скандалот и дека гневот е неизбежен откако Мораган синоќа откри две имиња на кралското семејство и директно ги поврза со расизам.
Кралот Чарлс слета во Дубаи каде ќе го одржи воведниот говор на конференцијата за климатски промени COP28.
Кога нигерискиот претседател Бола Ахмед Тинубу го прашал како е, монархот одговорил:
„Многу сум добро, така отприлика“, рече Чарлс Трети
Да потсетиме, холандската верзија на книгата „Крајна игра“ на Омид Скоби за британското кралско семејство беше повлечена од продажба откако наводно случајно откри како кралското семејство ја коментира бојата на кожата на синот на Хари и Меган, Арчи, а синоќа Пирс Морган одлучи да се прекине тишината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.