Папата Франциск одлучи да казни еден од своите највисоко рангирани критичари, кардиналот Рејмонд Бурк, со одземање на правото на субвенциониран стан во Ватикан и плата, во втората ваква радикална акција против конзервативен американски свештеник овој месец, наведоа две лица запознаени со мерките.

Папата на состанокот на водачите на канцелариите во Ватикан минатата недела изјави дека започнува акција против Бурк бидејќи тој е извор на „разединување“ во црквата, истакнал еден од учесниците на состанокот на 20 ноември. Учесникот зборуваше под услов да остане анонимен бидејќи не беше овластен да ја открие содржината на средбата.

Папата кажал дека ги отстранува привилегиите на Бурк за субвенциониран стан во Ватикан и плата како пензиониран кардинал, бидејќи ги користел привилегиите против црквата, рече друго лице кое било информирано за мерките на папата.

Тој извор, исто така, зборуваше под услов да остане анонимен бидејќи не беше овластен да открива детали.

Бурк не добил никакво известување за преземањето на акцијата, рече неговиот секретар во СМС порака во вторникот за Associated Press.

Бурк, 75-годишен канонски адвокат кој папата го отпушти од функцијата главен судија на Ватикан во 2014 година, стана еден од најжестоките критичари на папата, неговиот пристап кон LGBTQ+ католиците и неговиот реформски проект за да ја направи црквата почувствителна на потребите на обичните верници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.