Кралицата Елизабета Втора му порача на семејството да се соберат за да го прослават нејзиниот платинест јубилеј следната недела, но без драма. Еве како на тоа реагираа Меган Маркл и принцот Хари.

Војвотката и војводата од Сасекс ѝ порачаа на британската кралица дека ќе се држат настрана за време на прославата, односно дека ќе присуствуваат само на официјалните настани, пишува „Дејли мејл“. Така, наредбата „без драма“ ќе биде испочитувана.

Познатиот пар, кој ќе дојде во Британија со своите деца Лилибет и Арчи Харисон (што ќе биде нивно прво патување со најмалите во татковината на принцот Хари) има проблем како да го прослави првиот роденден на девојчето, во сабота на 4 јуни.

Според извор за „Сан“, Меган и Хари сакаат Лилибет да го прослави роденденот со поширокото семејство, но членовите на семејството се презафатени на денот на нејзиниот роденден, токму поради прославата на важниот јубилеј на кралицата.

Познато е дека кралицата во сабота ќе биде на коњичкото дерби во Сари, а ќе видиме како на крајот ќе се прослави првиот роденден на Лилибет Дијана, која за неколку дена ќе ја запознае својата прабаба Елизабета Втора.

Организаторите на прославата на 70-годишнината од владеењето на кралицата Елизабета Втора се многу фрустрирани поради нејаснотијата за тоа на кои настани ќе присуствуваат Меган Маркл и принцот Хари, пишува „Телаграф“ и додава дека стравуваат дека двојката ќе го засени самиот настан.

Организаторите се плашат и поради навиката на Меган Маркл и Хари ненадејно да се појават на некој собир, а тоа, според нивното верување, би можело да доведе до „циркус“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.