Кралицата Елизабета Втора беше икона на британската популарна култура што беше искористено на најдобар можен начин кога Лондон беше домаќин на Летните олимписки игри (ЛОИ) во 2012 година.
Организаторите на ЛОИ одлучија за потребите на свечената церемонија на отворањето на Игрите да ги спојат двете икони на британската поп култура: кралицата и Даниел Крејг, кој тогаш го глумеше Џејмс Бонд.
За потребите на свечената церемонија е снимен перфорамнс во духот на споменатиот филмски блокбастер, а кој се емитуваше на Олимпискиот стадион во Лондон.
Перформансот беше снимен во Бакингемската палата, како и во хеликоптер кој доаѓа над Лондон на патот кон стадионот.
Овој перформанс предизвика одушевување кај посетителите кои присустуваа на отворањето на ЛОИ и до денес е еден од најпрепознатливите моменти на таа спектакуларна ноќ, за што е заслужна кралицата Елизабета.
Бибиси во април објави дека кралицата овој скеч го криела од семејството и тоа било еден од условите за да учествува во него. Продуцентскиот тим кој бил ангажиран за снимањето исто така бил обврзен да го држи во тајност.
Кралицата Елизабета почина вчера на 96 години. Кралскиот трон го презема нејзниот син Чарлс. Елизабета беше 70 години кралица и таа е монарх кој најмногу и служел на кралството во историјата на Велика Британија
Kraljica Elizabeta II preminula je danas u 96. godini. Kraljevsko prijestolje Velike Britanije preuzet će njen sin Charles. Elizabeta II je 70 godina bila kraljica, bila je najduže služeća kraljica u historiji Velike Britanije.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.