Двајца Швајцарци до крајот на животот ќе ја паметат посетата на Неапол.

Додека тие седеле на еден од главните централни плоштади во Неапол, им пришол млад човек, извадил пиштол, му го вперил во главата на еден од нив, му го земал часовникот и си заминал.

Момчињата шокирани решиле да поседнат уште малку во кафулето за да се повратат од шокот.

Сепак, ситуацијата добила пшресврт кога, неколку минути подоцна, крадецот се вратил и кревајќи ги рацете во знак на извинување, му го вратил часовникот на сопственикот.

Причината за таквата постапка била тоа што украдениот часовник бил не премногу вредна копија на часовникот на Рикард Мил од 300.000 евра.

Сопственикот на кафулето во кое седеле двајцата шокирани туристи се уште верува дека крадецот не се обидувал да се извини туку да избегне казна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.