Еден постар жител на Шангај по грешка беше прогласен за мртов и одведен во мртовечница во ковчег, нов пример за хаосот на бруталните мерки на Ковид во кинески град каде што милиони луѓе сè уште се затворени во станови поради заклучување на владата.

На видеото снимено од случаен минувач се гледа моментот кога неколку работници од глава до пети облечени во заштитна опрема сфаќаат дека човекот во ковчегот е се уште жив. Еден од вработените ја отвора вреќата и сфаќа дека човекот е жив, а потоа во тоа се уверуваат и другите двајца вработени.

Откако се појави видеото, стана вирално на кинеските социјални мрежи и предизвика луѓето да почувствуваат ужас и гнев.

Маж кој го снима видеото очигледно од блиската зграда, како што може да се слушне од снимката вели: „Во домот за стари лица е таков хаос. Испратија жив човек во мртовечката кола и рекоа дека е мртов. Гробарите открија дека тој се уште е жив… Тоа е неодговорно, навистина неодговорно“.

Обласната влада соопшти дека човекот од видеото сега е стабилен.

Тројца службеници беа отпуштени од окружната канцеларија за граѓански работи и канцеларијата за социјален развој, а отпуштен е и шефот на старечкиот дом, се вели во соопштението.

Забраната за напуштање на станбени комплекси и натаму е во сила во вторник во Шангај за 8,2 милиони жители на Шангај.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.