Седумнаесет милиони жители на јужниот кинески град Шенжен се ставени во картантин откако се пријавени 66 нови случаи на коронавирус, соопшти локалната власт, која исто така го затвори деловниот кварт.

Властите во градот, во кој се сместени технолошките гиганти како „Хуавеј“ и „Тенцент“, побараа од жителите да останат дома поради зголемувањето на случаите на инфекцијата со сојот омикрон.

Властите во последните денови веќе затворија места и ресторани што не се неопходни поради зголемениот број заболени.

Кина само вчера регистрираше 3.393 нови случаи на инфекција со коронавирус, најмногу во еден ден од избувнувањето на пандемијата во февруари 2020 година

Поради брзото зголемување на бројот на случаи низ целата земја, властите ги затворија училиштата во Шангај и заклучија неколку градови на североистокот, додека повеќе од десет провинции се борат да ги спречат локалните жаришта



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.