Катарскиот Фонд за развој најави дека преку донација ќе им помогне на преживеаните во погодените подрачја од катастрофалниот земјотрес во Турција да најдат привремено засолниште во 10.000 монтажни објекти, што беа користени за време на Светското првенство во фудбал.

Околу 1,4 милиони фудбалски навивачи беа сместени во монтажни куќи за време на Мундијалот, што се одржа во Катар од 20 ноември до 18 декември.

Првата серија од 350 објекти се испорачани во неделата“, соопшти денеска катарскиот Фонд за развој.

Десетици илјади згради се уништени или тешко оштетни во катастрофалниот земјотрес што минатиот понеделник ги погоди југот на Турција и северот на Сирија, оставајќи милиони луѓе без покрив над главата.

Бројот на загинати надмина 37.000.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.