Британската авиокомпанија „Бритиш ервејс“ планира да ги прекине летовите од Лондон до Пекинг и Хонг Конг, кои претходно сообраќаа два пати на ден, пишува „Ројтерс“.

Како што пишува агенцијата, причина за ваквата одлука на британската компанија е тоа што нејзините авиони се принудени да летаат околу Русија, поради што не може да се натпреварува со кинеските авиокомпании, кои не мора да го прават тоа.

Кинеските авиокомпании го зголемуваат својот пазарен удел на меѓународните линии меѓу Европа и Азија, бидејќи, за разлика од западните компании, го користат рускиот воздушен простор.

Трошоците на кинеските превозници се за 30% помали од нивните западни конкуренти“, вели Џон Грант, виш аналитичар во ОАГ.

Според „Флајрадар 24“ лет на „Бритиш Ервејс“ Пекинг-Лондон приближно трае 2 – 2,5 часа подолго од истиот лет на комапнијата „Јужна Кина“.

Од избувнувањето на војната во Украина во 2022 година, кинеските превозници продолжија да оперираат пократки северни рути до Европа и Cеверна Америка преку огромниот воздушен простор на Русија.

Спротивно на тоа, авиокомпаниите во Европа, САД и на други места добија забрана од официјална Москва да летаат во рускиот воздушен простор или одлучија да не летаат над него од безбедносни причини.

Ова ја зголеми економската  предност на кинеските авиокомпании и им овозможи да заземат поголем дел од меѓународниот пазар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.