Воениот комесар за градот Партизанск во Русија, 49-годишниот Роман Малик, чија задача беше да ја изврши мобилизацијата и регрутирањето во регионот, починал вечерта на 14 октомври, пренесоа руските медиуми.
Локалниот весник „Времја Перемен“ пишува дека телото на комесарот „со знаци на самоубиство“ било пронајдено на оградата, додека каналот „Меш“ на „Телеграм“ наведува дека телото на Малик е пронајдено во близина на оградата. Полицијата ја истражува можноста и за самоубиство и за убиство.
Блиските на Малик не веруваат дека се работи за самоубиство, истакнува „Медуза“.
А телевизијата Некста на Твитер објави дека телото на комесарот е пронајдено во Приморскиот крај.
„Познато е дека Малик се борел во Чеченија и речиси не се жалел на своето здравје“, соопшти Некста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.