Западен функционер тврди дека Русија ја реорганизира својата команда за операциите во Украина со назначувањето на генералот Александар Дворников, кој има големо искуство во Сирија.

Имаше многу лоша координација меѓу различните команди – изјави западниот претставник.

Тој вели дека новиот командант на Јужниот воен округ е назначен за да се обиде да обезбеди подобра координација.

Овој командант има големо искуство во руските операции во Сирија. Затоа, би очекувале целокупната команда и контрола да се подобрат – изјави неименуван функционер за „Си-Ен-Ен“.

Тој смета дека промените се случуваат бидејќи е важно Путин да постигне некаков успех до 9 мај, кога Русија ја слави победата во Втората светска војна. Тоа значи дека за Русите политичкиот императив би имал предност пред воените приоритети.

Западните власти сметаат дека повеќе сили постепено се испраќаат во Донбас, наместо да има пауза што ќе и овозможи на руската армија да се прегрупира.

Постои тензија меѓу воената логика, која бара силите да запрат и соодветно да се подготват за новата руска операција во Донбас и политичката логика, која бара операцијата да продолжи и да се постигне брза цел – вели претставникот.

Според проценките на западните служби, се верува дека Русија има нешто помалку од 100 баталјони на располагање за операции. Тоа би значело дека руските сили се уште се значајни, но официјалниот претставник исто така вели дека руската тактика е попречена од помал број украински единици кои дејствуваат на многу попаметен начин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.