Командантот на украинските копнени сили, Олександер Сирски, изјави дека ситуацијата на североисточниот дел на фронтот „значително ескалирала“.
Тој истакна дека руските сили се надеваат дека ќе ја пробијат одбраната во правец Купјанск-Лиман.
Сирски смета дека руската армија всушност сака „одмазда“ со враќање на териториите кои некогаш биле под нејзина контрола.
На почетокот на август Русија почна напад врз Купјанск и околината, поместувајќи ја линијата на фронтот за околу три километри, принудувајќи ги локалните власти да почнат со евакуација.
Украинците минатата недела известија за жесток руски напад врз Авдијевка, град северно од Доњецк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.