На границата меѓу Словачка и Украина, од словачка страна, се создала колона составена од бегалци, долга шест километри, објави телевизијата „Н1“
Тоа се главно жени и деца кои ја минуваат границата. На мажите не им е дозволено да ја преминат границата. Украина ги мобилизираше сите мажи на возраст од 18 до 60 години и тие мора да ја бранат својата земја. Затоа сите овие мажи ги возат своите сопруги, своите деца и домашните миленици до граничниот премин. Ги возат до границите на Полска, Словачка, Молдавија, Унгарија и Романија. Сите тие навистина сакаат да стигнат до западноевропските земји, особено во Европската Унија – вели репортерката.
Таа додава дека пред граничните премини доаѓаат нивни пријатели и роднини за да ги земат и однесат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.