Франција излезе на избори за да го избере својот претседател, при што, актуелниот претседател Емануел Макрон и Марин Ле Пен влегоа во вториот и решавачки круг.

Ле Пен, која важи за екстремно десничарска политичарка, во последниве години го промени својот имиџ, префрлајќи го фокусот на нејзината политичка реторика од имиграцијата на економските прашања.

Која е Марин Ле Пен?

Ле Пен (53) е ќерка на Жан-Мари Ле Пен, 93-годишен политичар, кој беше претседател на Националниот фронт од 1972 до 2011 година. Националниот фронт (преименуван во Национално собрание во 2018 година) е екстремно десничарска партија која води антиимиграциска платформа.

Ле Пен го презеде претседателството со Националниот фронт од нејзиниот татко од 2011-2021 година.

Како претседателка, Ле Пен се обиде да го ублажи имиџот на Националниот фронт со менување на некои членови кои застапуваа расистички и антисемитистички ставови, вклучувајќи го и нејзиниот татко.

Таа, исто така, го поништи партиското противење на истополовите партнерства и безусловниот абортус и ја повлече својата поддршка за смртната казна.

Каква е политиката на Ле Пен?

Иако Ле Пен донекаде го реформира Националното собрание за време на нејзиното време како претседател, таа продолжува да поддржува многу од неговите клучни историски политики, особено нејзиниот став против имиграцијата.

Ле Пен на предизборните митинзи се фокусираше на дискусија за економската криза која ја погодува Европа и светот и за тоа ги обвини претходните политичари.

Таа планира да го укине данокот на доход за помладите од 30 години, да го намали ДДВ-то за енергија од 20% на 5,5% и 0% на краток рок, за одредени основни производи, како што се пелените.

Водеше и кампања за политиката на предвремено пензионирање на 60-годишна возраст за оние кои имаат 40 години работен стаж.

Ле Пен е евроскептик, иако нејзината реторика против ЕУ е омекната откако таа ги загуби изборите во 2017 година, и оттогаш таа разговара за политики, како што се одредени гранични контроли кои можеби се спротивни на правилата на ЕУ.

Таа, исто така, сака француските закони да имаат предност пред законодавството на ЕУ, што исто така може да доведе до излегување на Франција од Унијата.

Нејзината еколошка политика вклучува спротивставување на фармите со ветерници и поддршка за нуклеарната енергија.

Кога ќе се одлучи победникот?

Вториот круг на претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а резултатите ќе почнат да се објавуваат по затворањето на гласачките места.

Ова ќе биде втор пат Макрон и Ле Пен да се сретнат во финалната броба за претседател, по победата на Макрон во 2017 година.

Тогаш, Макрон и Ле Пен поминаа во вториот круг на гласање, при што Макрон доби речиси двојно повеќе гласови од неговата ривалка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.