Суд во Москва денеска за првпат изрече затворска казна поради противење на војната во Украина. Членот на општинскиот совет во Москва, Алексеј Горинов, е осуден на седум години затвор.
Горинов, уапсен во април, беше осуден за „свесно ширење лажни информации“ за руската војска, што носи затворска казна до 15 години.
За противење на војната досега се изречени една парична казна и една условна казна.
На состанокот на општинскиот совет во март, Горинов ги критикуваше акциите на руската армија. Презентирајќи го својот последен говор вчера пред судот, тој одби да ја признае вината и го осуди рускиот напад врз Украина.
Брус Милар, заменик-директорот на Амнести интернешенел за Источна Европа и Централна Азија, пресудата ја оквалификува како – „шокантна“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.