Игор Гиркин, поранешен офицер на ФСБ, руски сепаратист и провоен блогер, кој е во притвор и го чека судењето за поттикнување екстремизам, изјави дека сака да се кандидира за претседател на Русија, пишува „Ројтерс“.
Гиркин, познат по псевдонимот Игор Стрелков, повеќе пати повтори дека на Русија ѝ се заканува револуција, па дури и граѓанска војна, доколку военото раководство на претседателот Владимир Путин не се бори поефективно во војната во Украина.
Поранешниот офицер на ФСБ, кој ѝ помогна на Русија да го анектира Крим во 2014 година, а потоа да организира проруски милиции во источна Украина, пред апсењето изјави дека тој и неговите поддржувачи влегуваат во политиката.
„Совршено разбирам дека, во сегашната ситуација во Русија, учеството во претседателската кампања е како да седнете на маса и да играте карти“, истакнал Гиркин во писмото објавено на неговиот профил на Телеграм.
Гиркин навел дека не мисли дека ќе му биде дозволено да учествува на изборите, но се надева дека неговиот обид да ги обедини политичките сили ќе го наруши планот на Кремљ за „лажни избори“ на кои „единствениот победник однапред се знае“.
„Ова е нашата можност да се обединиме пред надворешните и внатрешните закани“, вели Гиркин во писмото со наслов: „Ќе се кандидирам“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.