Ново чудо и натчовечки подвиг на спасителите доаѓа од Турција, каде по 228 часа (повеќе од 9 деноноќија) поминати под урнатините на зграда во Антакија, спасени се мајка и нејзините две деца.

Членот на спасувачката екипа Мехмет Ериилмаз го опиша моментот кога ги нашле мајката и нејзините две деца и ги извлекле на слобода.

Мајката беше среќна што нè виде. Прво ја држев за рака. Разговаравме и ја смиривме, изјави тој за „Анадолија“, додавајќи дека мајката прво побарала вода, но дека поради околностите не смееле да направат ништо без интервенција на првата помош. Потоа ги прашала своите спасители: „Кој ден е денес?

Спасената жена се вика Ела и има две деца, девојче и момче, кои заедно со неа биле извлечени од урнатините. „Анадолија“ извести дека се работи за странска државјанка, но не ја наведоа нејзината националност.

Претходно, тимови во јужна Турција соопштија дека сè уште може да ги слушнат гласовите на преживеаните заробени во урнатините.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.