Убиството на 17-годишниот Нахел М. од Нантер, во близина на Париз, предизвика насилни протести во Франција. Тој беше единствениот син кој го одгледа мајката Муија.

Нахел работел како доставувач на храна и играл рагби за клубот Пиратите од Нантер. Студирал за да стане електричар во училиште во Суренес, но ретко посетувал предавања. Тој немал криминално досие, пишува Би-Би-Си.

Убиството се случило во вторникот наутро околу 9 часот кога Нахел бил застрелан во градите од непосредна близина додека бил зад воланот на Мерцедес, откако се обидел да избега при полициска сообраќајна контрола.

Според неговото семејство и познаници, Нахел бил љубезен и добар млад човек. Неговата мајка Мунија изјави:

„Што ќе правам сега? Му посветив сè. Тој беше мојот живот, мојот најдобар пријател“.

Нахел ги помина последните три години играјќи рагби за клубот Пиратите од Нантер како дел од програмата за интеграција за тинејџери со потешкотии на училиште, водена од здружението Ovale Citoyen. Целта на програмата е да им даде можност на младите од сиромашните области да се фокусираат на професии како што се електричари.

Џеф Пуч, претседател на Ovale Citoyen, беше еден од возрасните кои најдобро го познаваа и го опишаа како „млад човек кој го користел рагбито како средство за преживување“.

Се знаеше дека семејството на Нахел има алжирско потекло. По неговото убиство, еден млад човек од друг француски регион рече:

„Полициско насилство се случува секој ден, особено ако сте Арап или црнец“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.