Греењето во потполност е воспоставено во Киев по најновото бомбардирање на водоводната и енергетската инфраструктура, вели градоначалникот на главниот град н Украина, Виталиј Кличко.

„Градот ги обновува сите услуги по последното гранатирање“, рече Кличко во апликацијата за размена на пораки Телеграм. „Конкретно, системот за снабдување со топлина на главниот град во потполност е обновен. Сите извори за снабдување со топлина работат нормално“.

Украинските власти рекоа дека Русија во петокот испалила повеќе од 70 проектили во еден од најжестоките напади од почетокот на инвазијата на 24 февруари и предизвика немање струја во целата земја, а го прекина и пристапот до топлина и вода.

Температурата во Киев и во многу други места низ Украина беа под нулата во неделата наутро, а прогнозата вели дека во главниот град до вечер ќе падне на минус 6 степени Целзиусови.

Киев е далеку најголем град во Украина со проценета популација од околу 3 милиони луѓе, а уште два милиони живеат во киевскиот регион. Од саботата третина од градот остана без струја.

Сергеј Коваленко, извршниот директор на компанијата ЈАСНО, која го снабдува градот со електрична енергија, рече вчеравечер дека снабдувањето со струја се зголемува секој час.

„Ситуацијата и понатаму е тешка и критична“, рече Коваленко на својот Фејсбук профил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.