Дали Киев ќе ја издржи оваа вечер? Ситуацијата во градот станува драматична. Градоначалникот Виталиј Кличко упати апел за помош порачувајќи дека градот е опколен и е на работ на хуманитарна катастрофа.

Кличко за Асошиејтед Прес изјавил дека сите патишта се блокирани а евакуацијата на цивилите нема да биде можна.

Ние сме на работ на хуманитарна катастрофа. Моментално имаме струја, имаме вода и парно во нашите куќи. Но, инфраструктурата за испорака на храна и лекови е уништена. Затоа пораката за сите е: поддржете ја Украина заедно… ние сме силни – изјавил Кличко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.