Експлозиите што се слушнаа денеска во Киев беа од системите за противвоздушна одбрана во близина на главниот град на Украина, изјави градоначалникот на градот Виталиј Кличко.

Претходно Кличко информира дека има експлозии во централниот регион Подолск. Тој на „Телеграм“ напиша дека нема оштетувања на објекти и згради во Киев.

Во денешниот руски напад врз Украина, силите за противвоздушна одбрана собориле 12 проектили и две беспилотни летала, стои во прелиминарниот извештај на командата на воздухопловните сили.

Силите за воздушна одбрана вкупно собориле „шест балистички ракети воздух-воздух Кама, шест крстосувачки ракети „Калибар“ и два извидувачки дрона“, се вели во извештајот.

Денеска, кусо пред пладне, беше прогласена тревога за воздушен напад во неколку региони на Украина. Според локалните власти во Киев и неговата околина, активирана е противвоздушна одбрана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.