Премиерот на Канада, Џастин Трудо најави нов закон за поседување оружје и забрана за купување на оружје.
Денот кога овој закон ќе стапи во сила, повеќе нема да може да се купува, продава, пренесува или увезува оружје во Канада, истакна Трудо.
Доколку биде усвоена, забраната се очекува да стапи во сила наесен.
Забраната за поседување и купување на оружје уследи по минатонеделното убиство на 19 деца и двајца учители во основно училиште во Тексас во САД. Канада веќе има значително поригорозни ограничувања за поседување оружје од САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.