Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер смета дека САД се „на работ на војна“ со Москва и Пекинг, „поради прашања“ кои самите ги создале, пренесе РИА Новости.

„Ние сме на работ на војна со Русија и Кина за прашања што самите ги создаваме, без да знаеме како сето ова ќе заврши или каде ќе не доведе“, изјавил Кисинџер за The Wall Street Journal.

Тој истакнал дека се што може да се направи е да не ескалира тензијата и да не се создаваат такви можности, но истовремено мора да има цел.

Кисинџер додал дека претходно сметал дека најдобро решение за Украина е да биде „нешто како Финска“, која не е дел од Северноатлантската алијанса.

Но, бидејќи околностите се променија по руската операција, Кисинџер смета дека „на овој или оној начин, официјално или не, Украина треба да се третира како членка на НАТО“.

Што се однесува до договорот за Украина, тој оценува дека за Русија решението на конфликтот веројатно би значело задржување на Крим и делови од Донбас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.