Врските меѓу Кина и Франција се пример за мирен соживот и соработка меѓу земји со различни системи, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг по пристигнувањето во посета на Франција по повод 60 години меѓусебни дипломатски односи.

Развојот на односите меѓу двете земји носи „стабилност и позитивна енергија во турбулентниот свет, додаде Си.

Кинескиот претседател првпат по пет години е во посета на Европа. Тој денеска пристигна во Париз и веднаш има средба со францускиот премиер.

Утре тој ќе се сретне со неговиот француски колега Емануел Макрон, кој на состанокот има намера да се ангажира за комерцијален „реципроцитет“ и да бара решение за војната во Украина, имајќи предвид дека кинескиот претседател продолжува да искажува поддршка на Русија.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утре ќе се приклучи на разговорите меѓу Си и Макрон во Елисејската палата.

По државната посета на Франција, Си од среда до петок ќе патува во Србија и Унгарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.