Кинеската мисија во Европската Унија порача дека НАТО, а не Пекинг, ја дестабилизира меѓународната безбедност, пренесува Кинеското меѓународно радио, повикувајќи се на соопштението на Мисијата.

Од почетокот на украинската криза, Кина секогаш одржува објективен и правичен став, остана посветена на промовирање на мировните разговори и направи позитивни напори кон деескалација на ситуацијата – соопштија од кинеската мисија во ЕУ, по повод изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дека Кина не е подготвена да ја осуди руската агресија.

Во соопштението се наведува дека она што го направила Кина е „спротивно на обидите да се разгорува оган и да се долее масло на огнот, како што прават некои организации“, бидејќи е добро познато дека НАТО испраќа оружје во Украина по почетокот на конфликтот меѓу Русија и Украина.

Кинеската мисија во ЕУ оценува дека НАТО е остаток од Студената војна и дека „не само што не размислува за својата улога како таква, туку продолжи да го шири својот географски обем и опсег на операции и сè повеќе ја таргетира Кина“.

Ова е сериозен предизвик со кој се соочуваат глобалниот мир и стабилноста – се додава во соопштението на Мисијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.