Кина денеска успешно лансираше нов сателит во вселената од Центарот за лансирање сателити Ксичанг во југозападната кинеска провинција Сечуан.
Aгенцијаtа Ксинхуа објави дека сателитот Чуангсин-16, развиен од Кинеската академија на науките, бил лансиран во 10:36 часот (време во Пекинг) со ракета-носач Куаиџу-1А и успешно влегол во планираната орбита.
Сателитот главно ќе се користи за научни експерименти и за тестирање нови технологии.
Лансирањето беше 16. мисија од серијата ракети Куаиџу-1А.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.