Кина тајно го зголемува купувањето нафта од Русија по поволни цени, пополнувајќи ја празнината што ја оставија западните купувачи кои се повлекуваат од бизнисот со Русија поради војната во Украина, пишува Ројтерс.

Потегот на најголемиот светски увозник на нафта следи еден месец откако Кина првично го намали увозот од Русија, поради страв да не изгледа дека отворено ја поддржува Москва и потенцијално да ги изложи нејзините државни нафтени компании на санкции.

Кинескиот прекуморски увоз на руска нафта ќе скокне на речиси рекордни 1,1 милиони барели дневно во мај, во споредба со 750.000 барели во првиот квартал и 800.000 барели во 2021 година, според специјализираниот консултант Vortex.

Unipec, трговската филијала на најголемата азиска рафинерија Sinopec, го предводи купувањето заедно со Zhenhua Oil, која е дел од кинескиот одбранбен конгломерат Norinco, според податоците од бродските компании и трговците до кои имал пристап Ројтерс.

Трговски извори велат дека компанијата е регистрирана во Hong Kong Livna Shipping, од неодамна главен дистрибутер на руската нафта во Кина.

Ниската цена на руската нафта – спот цените на физичкиот пазар се, според трговски извори, за околу 29 долари пониски за барел во споредба со оние пред инвазијата и се вистински благодет за кинеските рафинерии. Цената е значително под конкурентните барели од Блискиот Исток, Африка, Европа и САД.

Кинеските компании ја пополнуваат новосоздадената дупка што ја оставија западните купувачи по руската инвазија на Украина, бидејќи САД, Велика Британија и некои други клучни купувачи на нафта го забранија увозот на руска нафта веднаш по инвазијата.

Европската унија го финализира планот за понатамошна рунда санкции, вклучително и забрана за купување руска нафта. Многу европски рафинерии веќе престанаа да купуваат од Русија поради страв да не наидат на санкции или да привлечат негативен публицитет.

Витол и Трафигура, големи светски трговци, постепено престанаа да купуваат од Роснефт, најголемиот руски производител на нафта, пред 15 мај и стапувањето во сила на правилата на ЕУ за забрана за купување руска нафта, освен ако не е „строго неопходно“ за енергетските потреби на ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.