Кинеското министерство за надворешни работи остро ја осуди посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван и покрај предупредувањата од кинеската страна.
Министерството наведува дека упатило протест до американската страна.
Кинеското МНР вели дека посетата испраќа „погрешни сигнали до сепаратистичките сили“ кои бараат „независност на Тајван“.
Посетата на Ненси Пелоси сериозно го нарушува принципот „една Кина“ – се посочува во соопштението.
Кинеската централна телевизија опбјави дека борбени авиони на воздухопловните сили на Кинеската Народноослободителна армија вечерва полетале во правец кон Тајван.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.