Потрошувачката на електрична енергија во кинеските провинции Шандонг и Хенан, оваа недела достигнала рекордни нивоа, пред се поради употребата на клима уреди, бидејќи топлотните бранови ги погодија регионите северно од реката Јангце.
Оптоварувањето на енергетската мрежа во Шандонг изнесува 92,94 милиони киловати, што го надминува претходниот рекорд од 90,22 милиони киловати од 2020 година, објави кинеската државна телевизија, пренесува „Ројтерс“.
Во неколку градови во Шандонг, каде што е прогласен „црвен аларм“ поради високите температури, се забележани и историски големи оптоварувања на моќноста.
Потрошувачката на електрична енергија во Хенан во понеделникот достигнала врв од 71,08 милиони киловати, надминувајќи го претходниот рекорд од 65,34 милиони киловати.
За време на посетата на термоцентралата во провинцијата Хебеи, премиерот Ли Кечијанг порача дека Кина мора да го зголеми капацитетот за производство на јаглен за „одлучно да спречи прекин на електричната енергија“, објавија локалните медиуми.
Поради големите горештини, делови од Хебеи и блиските провинции Хенан и Шандонг се соочуваат со суша овој месец. Кинеската метеоролошка служба денеска издаде предупредувања „портокалов алам“ за високи температури во регионите на трите провинции.
За разлика од топлотниот бран на северот на Кина, во седум провинции на југот на земјата паѓа силен дожд, а торнадо помина низ јужната метропола Гуангжу, што минатата недела го прекина снабдувањето со електрична енергија на повеќе од 5.400 корисници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.