Кина денеска го потврди најмалиот локален број дневни ковид случаи во речиси два месеци. Претходно, беа воведени национални стратегии за затварање на цели заедници и деловни активности.
Земјата вчера имала 23 локални инфекции, а претходниот ден бројката изнесувала 43, со што четири дена по ред се намалува бројот на симптоматски случаи. Воедно, ова е и најмалата бројка на дневна основа од 29 ноември минатата година.
Под 10 случаи се регистрирани во централната провинција Хенан и во северниот град Тијанџин. На овие места во последните десет дена евидентирани се најмногу локални трансмисии во Кина.
Пекинг вчера извести за пет случаи, за две повеќе од претходниот ден.
Не е регистриран ниту еден нов смртен случај. Од почетокот на пандемијата, бројот на заразени случаи во Кина изнесува 105.484, како локални, така и увезени од странство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.