Кина се противи на суспендирањето на членството на Русија во Советот за човекови права на Обединетите нации (УНХРЦ).
Остриот протест го соопшти постојаниот претставник на Народна Република Кина во ОН, Џанг Јун, на состанокот на Генералното собрание за решавање на ова прашање.
Резолуцијата ќе ја лиши земјата од легално членство во УНХЦР. За толку важно прашање треба да се решава внимателно, само врз основа на факти, мирно, објективно, разумно. Оваа резолуција не е подготвена на отворен и транспарентен начин. Принципот на одржување консултации со сите земји на ОН за да се слушне што е можно поширок опсег на мислења не е применет – порача Џанг, за позицијата на Кина.
Тој истакна дека прашањето за членство во УНХРЦ во оваа форма само ќе ја зголеми конфронтацијата во областа на човековите права, ќе влијае на системот на ОН, но и ќе повлече сериозни последици. Затоа, според него, Кина била „приморана да гласа против нацрт-резолуцијата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.