Кина денеска го повтори својот повик на преговори за решавање на кризата во Украина, одбивајќи да ги критикува руските напади и обвинувајќи ги САД и нивните сојузници за влошување на ситуацијата во Источна Европа.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи Хуа Чунјинг, изјави дека „украинското прашање е сложено во неговата историска позадина. Она што го гледаме денес е меѓусебна игра на сложени фактори, рече Хуа.

Таа вели дека Кина внимателно ги следи најновите случувања.

-Се уште се надеваме дека заинтересираните страни нема да ја затворат вратата на мирот и наместо тоа ќе се вклучат во дијалог и консултации и ќе спречат понатамошна ескалација, рече таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.