Тајван денеска соопшти дека во изминатите 24 часа во близина на островот се забележани 22 кинески воени авиони и 20 бродови, што укажува дека Пекинг ги засилува воените активности во областа.
Кина вчера испрати поморска формација предводена од носачот на авиони Шандонг кон југоисточниот дел на Тајван. Според кинеските медиуми бродот треба да спроведе воени вежби со симулација на напади од авиони, подморници, воени бродови и копно.
Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека 13 кинески воени авиони денеска ја преминале средната линија на Тајвански Теснец, неофицијалната демаркациона зона меѓу Кина и Тајван.
Кина уште од минатата година ги засили воените активност околу Тајван, кој го смета за своја територија, што вклучува речиси секојдневно распоредување на воени бродови и авиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.