Британската влада најави дека ќе спречи „транснационална репресија“ откако беа објавени информации дека постојат непријавени кинески „полициски станици“ низ земјата. Кинеската влада, наводно, поставила непријавени „полициски станици“ на три локации во Велика Британија – две во Лондон, во Хендон и Кројдон и една во Глазгов – за да ги вознемирува политичките неистомисленици. Пекинг, исто така, наводно има основано слични центри во други европски земји, вклучувајќи ги Ирска и Холандија.
Говорејќи во Долниот дом во вторникот, министерот за безбедност Том Тугендат рече дека таквите активности „мора да се запрат“, нагласувајќи дека е неприфатливо за која било странска влада да се обиде да управува со безбедносен апарат на Велика Британија.
Извештаите за непријавени полициски станици во Обединетото Кралство се секако крајно загрижувачки и ќе бидат сфатени многу сериозно. Секоја странска земја која работи на територијата на Обединетото Кралство мора да се придржува до законот на Велика Британија“, рече тој. „Нема да се толерираат какви било обиди за илегална репатријација на кој било поединец“.
Кинеските власти не го негираа постоењето на такви објекти, но велат дека тие постојат чисто за да обезбедат бирократски услуги на кинеските граѓани и не вклучуваат полициски операции. Една од двете наводни полициски станици во Лондон е регистрирана како агенција за недвижнини, додека местото на одржување во Глазгов е кинески ресторан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.