Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји изрази „загриженост“ поради ситуацијата во Украина во телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, се вели во денешното соопштение на кинеското Министерство за надворешни работи.

Кина е загрижена поради развојот на ситуацијата во Украина и треба да се почитуваат легитимните безбедносни грижи на која било држава, нагласил Ванг за време на разговорот.

Треба да се почитуваат целите и принципите на Повелбата на ОН, истакна Ванг, додавајќи дека ситуацијата во Украина е „тесно поврзана со доцнењето“ во спроведувањето на договорот од Минск.

Кина ги повикуваа сите страни да „да бидат воздржани, да ја препознаат важноста од спроведувањето на принципот на неделива безбедност, да ја олеснат ситуацијата и да ги решат разликите преку дијалог и преговори“, изјави Ванг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.