Кина ги повикува земјите од Г7 да престанат да се мешаат во работите на другите земји и да провоцираат конфликти и конфронтации, изјави на брифинг портпаролот на министерството за надворешни работи на Кина, Жао Лиџијанг.

Ставот на Пекинг за прашањата што се однесуваат на Хонг Конг, Ксинџијанг и Тајван е конзистентен и јасен. Таканаречената заедничка изјава на дипломатите на Г7 ја игнорира позицијата и објективните факти на Кина, грубо мешајќи се во нејзините внатрешни работи, а исто така злонамерно ја клевети и оцрнува Кина. Пекинг изразува силно незадоволство и силно се спротивставува, рече дипломатот.

Тој исто така посочи дека кинеските власти ги повикуваат Г7 да престанат да се држат до менталитетот на Студената војна и идеолошките предрасуди, како и да престанат да се мешаат во внатрешните работи на другите земји, да престанат да повторува лаги, но и да не провоцираат регионални конфликти и создавање блок конфронтација.

Тој ги повика и земјите од Г7 да создадат поволни услови за развој на глобална соработка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.