Ким ги пофали напорите на војската за спасување на посевите и рече дека војниците биле мобилизирани бидејќи не смеат да изгубат обработливо земјиште на „природното дивеење на земјоделскиот фронт директно поврзано со животите на луѓето“, објави новинската агенција КЦНА, пренесе Ројтерс.

Северна Кореја пати од голем недостиг на храна во последниве децении, вклучително и глад во 1990-тите, често како резултат на природни катастрофи. Меѓународните експерти предупредија дека затворањето на границите за време на пандемијата ковид-19 ја влоши ситуацијата.

Според КЦНА, од поројниот дожд и плимните бранови предизвикани од тајфунот, биле срушени насипите на реките и околу 200 хектари обработливо земјиште било поплавено во провинцијата Кангвон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.