Украински медиуми објавија дека властите во Киев донеле одлука дека Украинките кои исполнуваат услови да бидат регрути, мора да се пријават за воена служба од 1 октомври.
Во извештаите се додава дека, сепак, нема веднаш да се применуваат казнени мерки за оние кои нема да го сторат тоа.
Жените регрути ќе треба да се пријават за воена служба од 1 октомври. Тоа се државјани на Украина чии специјалности се вклучени во списокот на регрути. Строги санкции нема веднаш да се применат за жените кои не се пријавиле – објави агенцијата УНИАН, повикувајќи се на на Фјодор Вениславски, член на Комитетот за национална безбедност на Врховната Рада на Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.