Хамас само што се закани дека ќе почне да убива израелски заложници, ако Израел продолжи да бомбардира цивилни објекти во Газа.

Милитантите соопштиле дека се обраќаат на непријателот, на јазик кој добро го познава.

Секое гаѓање на невини цивили без предупредување, ќе биде со жалење дочекано со погубување на по еден заробеник од нашиот притвор и ќе бидеме принудени да го емитуваме погубувањето – соопштила Бригада ал-Касам.

Израелската војска соопшти  претходно дека нападите на Газа ќе продолжат дури и по цена да се нанесе штета на израелските заробеници.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.