Претседателот на Комисијата за надворешна политика во Бундестагот, Мајкл Рот денеска соопшти дека по 27 години се повлекува од политиката.

Рот на социјалната мрежа „Х“ објави дека е решен да го стори тоа и е благодарен на своите гласачи.

„По 27 години и многу огромни задачи во Бундестагот, федералната влада и СПД, за мене политиката ќе биде завршена по следните сојузни избори. Луѓето во мојата изборна единица директно ме избраа во парламентот седум пати. Решен сум и бескрајно сум благодарен“, изјави Рот.

Рот е хомосексуалец и е во среќен брак со неговиот партнер Михаел Клопнер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.