Властите и граѓаните на земјите од Централна Азија – Казахстан, Узбекистан и Киргистан – денеска известија за прекин на електричната енергија во поголемите градови, но причината е непозната.

Мрежите на трите поранешни советски републики се меѓусебно поврзани, а Казахстан е поврзан и со руската електрична мрежа, која може да ја користи за покривање на ненадејниот прекин на струја, пренесува „Ројтерс“.

Во Казахстан, прекини во снабдувањето со електрична енергија се пријавени во најголемиот град Алмати и неколку поголеми градови на југот на земјата, во близина на границата со Узбекистан и Киргистан, пренесува „Танјуг“.

Најавено е дека не работат високонапонските далноводи кои го поврзуваат главниот град Алмати со делови од електричниот систем на северот и југот на земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.