Претседателот Реџеп Тајип Ердоган на вчерашните локални избори во Турција го претрпе најголемиот изборен пораз и повеќе не е непобедлив во турската политичка арена, се вели во анализата што денеска ја објави грчкиот весник Катимерини.

Како што е наведено, не е само загубата на три града – Истанбул, Анкара и Измир, туку и тоа што по првпат од 1977 година на национално ниво доминира опозициската Републиканска народна партија на Мансур Јавас, сегашната и очигледно идниот градоначалник на Анкара.

Во анализата се додава дека Ердоган ја платил цената за лошата состојба на економијата, која се влоши во изминатите шест месеци, и оти мора да биде загрижен бидејќи досега се сметаше дека е најсоодветен за управување со проблемите на земјата, дури и ако тој ги предизвикал.

„Сега се чини дека значителен дел од неговите сонародници му вртат грб“, наведува „Катимерини“ во анализата.

Во Истанбул, Ердоган беше соочен со својот избор од минатото за намалување на просечната возраст за пензионирање, што им го олесни примањето пензија дури и на помладите од 50 години, што резултираше со тоа што 30 отсто од гласачите во најголемиот турски град спаѓаат во оваа возрасна категорија. Но тие не гласаат за власта, бидејќи таа не може да им вети зголемување на пензиите.

Тој сега има доволно време да ги одмери своите опции до следните избори во 2028 година, а двете главни прашања се дали ќе ја промени својата економска политика и до кој степен повторно ќе се сврти кон националистите и како тоа ќе влијае на надворешната политика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.