Канада воведе санкции против уште 35 Руси и шест руски компании, соопшти канадскиот премиер Џастин Трудо.

Трудо пред присатните на годишниот состанок на Конгресот на Украинците во Канада во Винипег изјави дека Канада ќе продава државни обврзници за да ја зголеми помошта за Украина.

Во Канада живеат голем број Украинци, кои побараа од Владата во Отава да ги заостри санкциите против Русија.

Санкции се воведени против рускиот вицепремиер Александар Новак, министерот за индустрија Денис Мантуров, министерот за енергетика Николај Шулгинов и претседателот на одборот на директори на „Газпром“ Виктор Зубвков.

Канада воведе санкции и за компаниите „Лукоил“, „Трансоил“ и „Согаз“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.