Канадските власти имаат намера да воведат санкции против Русија во врска со нејзината одлука да ги признае т.н. Народни републики Доњецк и Луганск, се наведува во изјавата на канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли.

Канада, заедно со своите партнери и сојузници, категорично ќе одговори на ова непочитување на меѓународното право, рече таа. – Ние се подготвуваме да воведеме економски санкции за овие дејствија, но одделно од оние што се подготвени како одговор на секоја понатамошна руска воена интервенција во Украина.

Џоли додаде дека и Канада остро го осудува потегот на Руската Федерација. – Ова е директно кршење на Договорите од Минск, Повелбата на ОН, како и сериозна закана за безбедноста и стабилноста на регионот, тврди таа.

Претходно премиерот Џастин Трудо изјави дека Канада нема да го поддржи признавањето на независноста на т.н. ДНР и ЛНР и ќе даде „одлучен и цврст одговор“ заедно со своите сојузници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.